Истражувањето покажало дека жените најмногу се возбудуваат во текот на предиграта, а омилената поза за постигнување на оргазам им е класичната мисионерска бидејќи тогаш се чувствуваат најстраствени.
Иако мажите обожуваат секс во секоја смисла, постојат и одредени пози кои ќе ги возбудат повеќе од што можат да замислат, а се е благодарејќи на игрите во кои доминира нивното его.
1. Секс за време на туширање
Секој маж бара изговор да види голо женско тело, посебно ако може да го допира. Повикајте го во туш баината и дозволете му да ве допира во исто време додека водата нежно ве масира по кожата. Ако имате огледало слободно гледајте се во него. Неговата самодоверба ќе биде зголемена кога ќе види дека одлично му оди.
2. Орален секс
Иако ова баш не е и поза во буквална смисла, секако дека може да заврши работа. Ако партнерот покажува интерес да го разбудите со орален секс и немате ништо против тоа, исполнете му ја фантазијата и подигнете му го егото. Ќе се чувствува неодоливо.
3. Напредна мисионерска поза
Иако постојат голем број на варијации на оваа тема, онаа во која на мажите им се крева егото и во која може да види што прави е онаа вистинската. Ставете ги нозете на неговите рамена, а тој нека се потпре на дланките покрај вас. Погледот на самиот чин и истовремено вашиот израз на лицето ќе делува многу стимулативно, а вашите воздишки ќе кажат повеќе од илјада зборови.