Станка Трајкова нов претседател на Сојузот на здруженија на пензионери

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има нов претседател. Првпат по 73 години од постоењето на Сојузот за претседател е избрана жена.

„На изборната седница на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија одржана на 29 март 2019 година за нов претседател на СЗПМ и воедно претседател на Извршниот одбор на Сојузот е избрана Станка Трајкова досегашен секретар на Извршниот одбор на Сојузот истакнат активист и стручњак со големо познавање на пензионерската проблематика, дипломиран правник и коавтор и автор на коментари на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и учесник во пензиските реформи. Трајкова е и носител и автор на повеќе проекти поврзани со пензионерската популација во СЗПМ“, информираат од Сојузот.

За претседател на Собранието на Сојузот беше избран Илија Адамоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.