Станови гореа во центарот на Белград

Големиот пожар кој утринава се случи во улицата „Јован Јовановиќ-Змај“ во Белград, конечно е изгасен.Изгорени се два стана, повредени нема.

„Изгоре кровот над два стана со површина од 250 квадрати.Пожарот е изгаснат, а интервенираа девет возила и 33 пожарникари,“ изјави за Блиц, Раде Милошевиќ началник на градскиот сектор за вонредни ситуации.

Сопственикот на еден од становите Драган Зидаревиќ беспомошно гледал како огнените јазици му го голтаат домот.

„Не ме прашувајте ништо. Три животи ми се во тој стан. Се што имам. Колекцијата од кактуси ми изгоре,душата ме били. Бев на риболов кога ми јавија дека станот гори. Внатре нема никој, живеам сам.Кога стигнав, пожарникарите веќе беа стигнати, но 20 минути не го гасеа пожарот,“ изјави Зидаревиќ.

Според очевидци, пожарникарите имале проблем да дојдат до становите, поради непристапниот терен.

Причините за пожарот се утврдуваат, според Зидаревиќ во станот немал ништо вклучен освен болјер.