Становите во Грција се поевтини отколку во Белград

grcija

Становите во Грција се поевтини отколку во Белград и тоа е причината поради која сѐ повеќе Срби купуваат имоти таму.

Голем број купувачи на станови во Грција се од Србија, пишува српски „Телеграф”. Цената на метар квадратен на места е двојно зголемена во однос на пред пет години. Основниот совет на грчките адвокати е да пронајдете добра агенција за да не ве доведат до „заштеда“ која подоцна легално може да ве чини многу. Медиумот наведува дека на огласите има и стан во Грција на 800 метри од плажата, кој се продава за 50.000 евра, а за таа цена ништо не може да се купи во Белград.

Инвестициите на странските купувачи се зголемија во последниве години, дозволувајќи им на многумина да го остварат својот сон да поседуваат летна куќа за одмор во Грција.

Србите, особено поради скокот на цените во Белград, сѐ повеќе гледаат на можностите во Грција.

Странскиот купувач се соочува со бирократијата на грчкиот систем и со сите сложени процедури и фази предвидени со грчкото законодавство за завршување на конечниот договор за продажба.

Во Србија недвижностите дожвиуваат бум. Но, и кириите имаат огромен пораст  поради напливот на Руси и Украинци кои избегаа поради војната во Украина.