Стапката на инфлацијата во еврозоната во април на рекордни 7,4 отсто, во ЕУ 8,1 отсто

Стапката на инфлацијата во Европската унија годинава достигнала 8,1 отсто на годишно ниво, додека во еврозоната изнесувала 7,4 отсто, задржувајќи се на рекордно ниво, покажуваат најновите подаотци на европското статистичко биро објевени во срадата.

Како и во другите водечки светски економии, инфлацијата во ЕУ силно го забрзува растот, имајќи предвид дека минатата година во ЕУ изнесуваше 2 а во еврозоната 1,6 отсто.

Инфлацијата, мерена спо хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), забрзала во ЕУ и во однос на март, кога на годишно ниво изнесуваше 7,8 отсто. Во еврозината и во март изнесуваше 7,4 отсто.

Најмноги влијание на забрзувањето на инфлацијата имала енергијата, чиишто цени во април на годишно ниво скокнале за 37,5 отсто, придонесувајќи за вкупната стапка на инфлацијата со 3,7-проценти поени. Продолжил и силниот раст на цените на свежата храна, кои во април на годишно ниво пораснаа 9,2 отсто.

Меѓу членките на ЕУ најниму во април пораснале потрошувачките цени во Естонија за 19,1 отсто, како и во Литванија за 16,6 отсто. Близу е и Чешка со стапка на инфалција од 13,2 отсто. Во април дури девет земји членки на ЕУ бележеле двоцифрена стапка на инфлација.

Најниската стапка на инфлација во истиот месец имале Франција и Малта, и двете од 5,4 отсто, а следи Финска со раст на цените од 5,8 отсто, според податоците на Eurostat.