Стапката на репродукција на коронавирусот во Германија надмина еден

Стапката на репродукција на коронавирусот во Германија се зголеми над критичната вредност еден, што значи дека сега секој пациент заразува просечно повеќе од едно лице, објави во саботата Институтот „Роберт Кох“ (RКI).

Последните процени на ткн „репродукциски број“ (R)  се на новито 1.10, објави Институтот. Од таму досега постојано предупредуваа дека за сузбивање на епидемијата неопходно е овој показател да биде под вредноста 1.

Во средата од Институтот објавија дека стапката на репорукција на короанвирусот е 0.65, но оттогаш оваа вредност постојано расте. Ваквиот развој, како што се смета, доаѓа по укинувањето на повеќе рестрикции и неколкуте дена охрабрувачки вести за помалото ширење на вирусот.

„Поради зголемената процена на R-вредноста, неопходно е следните неколку дена многу претпазливо да се сследи развојот на ситуацијата“, се наведува во соопштението на Институтот.

Германија до саботата потврди над 170.000 заразени со коронавирусот и 7.500 починати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.