Стапката на заразата со коронавирусот во Шпанија на ниво на „многу голем ризик“

Стапката на заразите со коронавирусот во Шпанија се зголемила на повече од 500 случаи на 100.000 жители во петокот, што е двојно повече отколку на почетокот од декември, што министерството за здравство го опиша како ниво на „многу голем ризик“.

Во петокот инциденцата во последните 14 денови изнесувала 511 случаи на зараза на 100.000 жители, додека во четвртокот изнесувала 473.

Според последните податоци на шпанското министерство за здравство, потврдени се 33.359 случаи на зараза со коронавирусот во последното деноноќие, и уште 41 смртен исход.

Од почетокот на епидемијата, во Шпанија се пријавени 5,46 милиони случаи на заразата со коронавирусот и 88.708 смртни исходи.

Околу 80 отсто од 47-милионското население на Шпанија се целосно вакцинирани со двете дози од вакцините против Covid-19, а околу 10 милиони ја примиле и дополнителната трета „бустер“ доза. Шпанија во четвртокот ја одобри „засилувачката доза за повозрасните од 40 години.