Старџен најави оставка на должноста премиерка на Шкотска

Шкотската премиерка Никола Старџен објави во средата оставка по осумте години минати на таа должност, додавајќи дека ќе продолжи да ја извршува таа функција сѐ додека нејзината Шкотска национална партија (SNP) не го избере нејзиниот наследник.

Во изјавата којашто ја шокирше и шкотската и британската јавност, лидерката на SNP и најдолговечна премиерка на Шкотска и прва жена на таа функција, рече дека смета оти е вистинско време да се повлече.

„Од првиот момент на оваа должност верував дека добри да се извршува работата значи и речиси инстиктивно да се знае кога е вистинското време да му се отстапи местото на некој друг. Во својата глава и во своето срце знам дека тој момент е сега. Тоа е добро за мене, за мојата партија и за мојата земја“, изјави Старџен за новинарите во резиденцијата Бат Хаус во Единбург.

Во јануари Старџен порача дека е полна со енергија, но во средата, во моментите кога се чини дека нејзината животна борба за независност на Шкотска влезе во ќорсокак, отстапи од тие заложби. Кон крајот на јануари, кога ненадејно од должноста се повлече харизматичната новозеландска премиерка Џасинда Ардерн, наведувајќи го заморот и желбата да се посвети на семејството, Стареџен реле дека „воопшто н е се чувствува“ подготвена да замине од политичката сцена.

Во осумте години на чело на владата на Шкотска, оваа енергична кусо потстрижена 52-годишна жена во британската политика го внесе својот стил и тон. Со брилијантните политички посебности, Старџен беше почитувана и од нејзините политички противници и во Единбург и во Лондон.

Меѓутоа, последните неколку месеци Старџен доживеа неколку удари, особено по контроверзниот закон со кој требаше да биде олеснета промена на родот без лекарско мислење и кој ја спушта минималната возраст за промена на родот/ правно полно, од 18 на 16 години, и тоа без согласност на родителите.

Лондон го блокираше тој закон стравувајќи за негово проширување на другите британски покраини, а тоа беше првото користење на ветото на британската влада на некој шкотски закон.

Законот во Шкотска доживеа остри критики од активистите за правата на жените, кои тврдат дека предаторските мажи тоа може да го користат за достап до женските простории, како што се тоалетите или женските затвори.

А токму на тоа веднаш се надоврза скандалот со трансродовата жена Исла Брисон, бидејќи оваа личност додека била маж по име Адам Греам е осудена за силување на две жени во 2016 и 2019 година. Брисон прво беше сместена во женскиот затвор во Корнтон Вејл во централна Шкотска, а откако протестираше дел од јавноста и изрази загриженоста за безбедноста на другите затворенички, Старџен донесе одлука силувачот и сега трансродова жена да биде преместена во машки затвор.

Покрај тоа, Старџен навлезе во слепа улица и по прашањето на суштината на постоењето на нејзината партија: независноста на Шкотска од Обединетото Кралство. Старџен дојде на чело на Шкотската национална партија (SNP) по референдумот од 2014 година, кога по контроверзното гласање беше објавено дека Шкотите со 55 отсто „за“ и 45 отсто „против“ се изјасниле за останување во Велика Британија.

Меѓутоа, владата на Старџен смета дека околностите сега се изменети, откако Обединетото Кралство истапи од Европската унија, и бараше нов референдум, бидејќи на британскиот референдум во 2016-та 62 отсто од Шкотите – само во Шкотска, без да се сметаат оние кои гласале во Англија, Велс или Ирска а кои исто така имаа право да гласаат на шкотскиот референдум – се изјасниле за останувањето во ЕУ.

Највисокиот британски суд ланскиот ноември одлучи дека шкотската влада не смее да одржи ново гласање без одобрување на британскиот парламент. Старџен тогаш најави дека следните парламентарни избори ќе ги претвори во дефакто гласање за нов референдум и го обвини Вестминстер за „презир“ кон демократската волја на Шкотите. Поддршката за независност се искачи над 50 отсто по одлуката на Врховниот суд во Лондон, но според медиумите таа поддршка изминатите месеци е во пад, без соодветна активност.

Никола Старџен од 2010 година е во брак со Питер Мјуреиел, главниот директор на SNP. Двојката, којашто нема деца, се запознала 20 години претходно на состанок на подмладокот на партијата. Старџен тогаш стана една до првите пратенички во шкотскиот парламент од неговото основање. Во 2020 година призна дека во 2011 година имала спонтан абортус и иако тоа со години не го изнесуваше во јавноста решила да прозбори за да се „бори против предрасудите кон жените без деца, особено кон жените во политиката“.