Старецот исчезнат од скопски Карпош загинал во сообраќајка

2957

Осумдесет и петгодишниот Душан Трајковски, кој се водеше за исчезнат, починал пред единаесет дена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по сообраќајна несреќа која се случила на 2-ри декември, информираат од полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи велат тој бил хоспитализиран и бил во коматозна состојба веднаш по сообраќајката, но по пет дена им подлегнал на повредите.

Починатиот бил на велосипед кога во него удрило патничко моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано 61-годишен скопјанец, што беше содржано во тогашниот дневен билтен на МВР.

Сообраќајката се случила на крстосница од булевар „8-ми Септември“ со улица „Момин Поток“. Од МВР додаваат дека телото е идентификувано дури во понеделникот, 18-ти декември.

По Трајковски се трагаше два дена, откако роднини на починатиот пријавиле дека не го виделе од 10-ти месецов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.