Воз прегази старица во Велес

Осумдесетгодишна скопјанка е тешко повредена откако возот, кој што сообраќал на релација Скопје- Битола, ја прегазил.

Несреќата се случила на станицата во велешкото село Теово во саботата околу 21 часот.

Според информации од полицијата, во моментот кога возот застанал на станицата, старицата се обидела да се симне, но поради невнимание паднала. Машиновозачот не ја забележал старицата и продолжил да вози, по што и’ нанел тешки повреди на нозете.

Старицата, веднаш била пренесена во велешката болница, но поради сериозноста на повредите, е префрлена во Ургентен центар. Оттаму велат дека пациентката е сместена на КАРИЛ и е во тешка здравствена состојба.