Старица седум години лежела мртва во својот дом

Натали Вуд, жена на постари години од Австралија, седум години лежела мртва во својот дом во Сиднеј. Полицијата нејзиното тело го пронашла во јули 2011-та година, а се верува дека починала во 2004-та година.

Се претпоставува дека Натали Вуд починала откако паднала, но бидејќи поминало многу време од моментот откако форензичарите не успеале да ја утврдат точната причина за смртта.

Во куќата се пронајдени скапи предмети. Нејзината снаа рекла дека последен пат ја виделе во јануари 2004-та година откако нејзиниот сопруг се разболел, па изгубила контакт со старицата.

Таа и уште неколку роднини бараат сопственост над нејзиниот имот.