Старицата од Драчево жртва на крволочен сатанистички ритуал?!

906

66-годишната баба од Драчево, сепак не е заклана, туку и бил прегризан гркланот, ги откриваат морбидните детали за Нетпрес извори од истрагата. Најпрвин иако истражителите верувале дека бабата е заклана, неофицијално, по извршените анализи било утврдено дека сепак момчето и го прегризал гркланот.

Според информациите, се работи на тезата дека убиецот, нејзиниот 20-годишен внук А.Р., вршел секташки обред.

Неофицијално, тој веднаш по настанот, сам се пријавил во полиција, каде го признал делото, ги раскажал деталите, потврдил дека е припадник на секта и дека убиството го сторил како дел од сатанистички ритуал.

 

Наводно, ова не е првиот случај младото момче да ја потресе јавноста, бидејќи се верува, иако непотврдено, дека станува збор за истото лице кое неодамна ја осквернави црквата „Свети Спас“ во Драчево, испишувајќи сатанистички симболи и пентаграми на храмот. Неофицијално, тој се поврзува со немилиот настан со преполовеното маче, оставено во локва крв, покрај написите: „слава му на сатаната“ (аd majorem sathanae gloriam ) и „врати на пеколот, отворете се“ (zazas, zazas, nasatanada zazas). Сепак, се уште е непознато за која секта станува збор и како точно е инволвирана во случаите, предизвикани од сатански мотиви, кои последниов период се забележуваат во Скопје. Официјално, сторителот на сквернавењата не беше откриен од страна на полицијата.

Отецот Оливер од црквата „Свети Спас“, во изјава за Нетпрес, вели дека го познава момчето и за него знаел дека е психички нестабилен, но додаде и дека нема информации дека момчето е поврзано со сквернавењето или пак со било која секта.

Инаку, убиецот во своето окружување важел за мирно и повлечено момче.

Од Основното јавно обвинителство информираа дека се уште ги прибираат материјалните и вербалните докази и дека е рано да се зборува за деталите околу мотивите за настанот.

Skin Delight