Старите на планина ли?!

Старите на планина ли?! Тоа е, кога не ти текнува друго.

Во суштина се заменети тезите лекување и превентива со заразени и „излекувани“, т.е. создавање природен колективен имунитет.

Самата контратеза на сѐ она што е сработено е без малу нечовечна во самиот свој зародиш!

Многу потешка за замисла, а камоли за реализација за посилните моќни системи, а не пак за нас послабите.

Сепак, кај нас победува балканизмот:

Старите на планина?!

А не се гледа во загрижувачката брзина со која се шири, за грижата, за капацитетите, за самата координација во здравствениот систем и кој тоа треба да раководи во услови на пандемија и кризи со Националниото тело кое би требало да функционира по примерот на една Јужна Кореја, еден Тајван, Канада или еден Исланд…. И каква би била грижата за 200 до 300 пациенти плус, особено ако се истите со  тешка клиничка слика?! За респираторна подршка и да не думаме нели? Индициите овој вирус, САРС Ков 2 да стане сезонска болест се големи. Тезата на одредени професори и доктори за создавање на колективен имунитет држи вода единствено во оној недоволно истражениот дел за овој старо-нов вирус, знаен како таков. Овде е во друга форма со 4 поттипови и губењето на своите главни карактеристеки и силина со преминување од една на друга личност и негово понатамошно слабеење. Првиот, оној дивиот вирус кај првиот пациент, од него кај вториот е послаб, кај третиот уште повеќе се намалува налетот до гаснење на епидемијата. Ова не го слушаме многу од оние кои заговараа ваков тип имунитет од старт?!

Без разлика, тоа не значи намалувањето на кривата да биде намалено, туку повремено и контролирано како на крај би дошле до ова. Не ги оправдувам ставовите кои од почеток повикуваа на непроверена и неразмислена реакција чунки нигде во светот и не видовме таква успешна приказна од старт, дури ни оние најразвиените…

Систем како нашиот, каде што просек на живот е 72 години за разлика од една Италија, Франција, Германија  е всушност оправдување на десеткувањето на старото население наспроти работоспособни кои се, се помалку поради засилената миграција.

Ајде земете една Индија каде што населението со шеесетина години просечен животен век и со голема цифра на млади? Овде имате страсни пушачи на цигари на 10 години, имате еден обратнопропорционален систем од европскиот…

Проверете ги сите овие податоци по Блумберг!

Природен имунитет е процес кој се планира и за кој е потребна национална стратегија, процес со стабилен здравствен систем и издржана економија.

Секој повик на преуранет ,,остави шо ќе се случи нека се случи” имунитет е:

  1. Незнаење

2. Второ може да е немање каде повеќе… исцрпени сите мерки на една слаба стратегија без смисла за менаџирање со човечкиот потенцијал.

3. И трето, од старт планирана стратегија до најситен детал, во богати економии и развиени здравствени системи, НО и таму ќе се јавуваат ситни аномалии…

Ваше е да се ставите во која група припаѓате?!

И не може, Старите на планина, оти тие стари работеле, вложувале, инвестирале… Исто е како некој да ти каже да не штедиш оти нема поента! А во принцип, со самата теза паѓаат и основните принципи на здравството!

Автор: Гоце Марков, дипломиран здравствен работник, член на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.