Старо – нови ветувања за инвестиции, но пар екселанс неспособност на власта

СТАРО-НОВИ ВЕТУВАЊА = НЕСПОСОБНОСТ ПАР ЕКСЕЛАНС
24.09.2021 година – Премиерот Заев искажа задоволство од одлуката на компанијата „Текнопанел“ да инвестира во Македонија 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Производството се очекува да започне во 2022 година, стои во Фејсбук статусот на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

– 18.11.2022 година – Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ 1 Скопје. Станува збор за компанија која ќе инвестира 20 милиони евра. Производството ќе почне од 2023 година. Да се надеваме дека инвестицијата ќе се реализира. Уште Фејсбук и Гугл и ќе го заокружите интервентниот план за инвестиции, додава таа во својата објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.