Стартува Евросонг 2022, вечерва е првата полуфинална вечер

Евровизија 2022 почнува вечерва во 21 часот, a претставниците на првите 17 земји ќе дадат се од себе за да ги освојат симпатиите на гледачите на сцената во салата „Пало Олимпико“ во Торино и со тоа да обезбедат билет за големото финале  сабота.
Вечерва ќе ги гледаме претставниците на Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.
Во првото полуфинале ќе гласа жирито и публиката од 17 земји учеснички, како и Франција и Италија кои имаат директен пласман во финалето како дел од минатогодишниот „топ 5“.
На синоќешната генерална проба гласаше стручно жири составено од по пет музички експерти од секоја од земјите.

Домаќини на првото евровизиско полуфинале ќе бидат Лаура Паусини, Алесандро Кателан и Мика кои ќе се јават во живо од Пало Олимпико. Од 17. земји, 10 ќе се продолжат за големото финале кое ќе се одржи во сабота.

This image has an empty alt attribute; its file name is evrovizija-prvo-polufinale.jpg

Откако ќе се изведат сите песни, секоја земја ќе даде два сета од 1 до 8, 10 и 12 поени; еден сет од жири од пет професионалци од музичката индустрија и еден од телевоутингот на гледачите. Гледачите можат да гласаат преку телефон, СМС и преку официјалната апликација.

Македонската претставничка, Андреа, ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 12. мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.