Стартува фудбалското лудило во Бразил

По пауза од 64 години, Светското фудбалско првенство и тоа јубилејното 20. се враќа во Бразил. Домаќинот на најважниот спортски настан во 2014 години ќе стане само петтата нација која имала можност два пати да го организира најголемото фудбалско натпреварување во светот.

За прв пат во фудбалската историја, две првенства, едноподруго, се играат надвор од Европа, но никој не се сомнева дека Бразилците со својот препознатлив темперамент и страст ќе приредат еден вистински спектакл, фудбалски карневал кој ќе започне денеска, а ќе заврши на 13 јули за кога е закажан финалниот натпревар кој ќе биде одигран на фудбалскиот храм „Маракана”.

Титулата, светски шампион ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија, а според фудбалските стручњаци, во групата на големи фаворити се вбројуваат и репрезентациите на Бразил, Аргентина и таа на Германија.
Единствен дебитант ќе биде репрезентацијата на БиХ, која доминираше во квалификацискиот циклус, а мундијалсната авантура ќе ја стартува на 15 јуни, кога за противник го има големиот фаворит за првата позиција во групата “Ф”, селекцијата на Аргентина.

На фудбалската сцена се враќаат и репрезентациите на Хрватска, Белгија, Колумбија, Костарика, Еквадор, Русија и Иран.
Се е подготвено, а фудбалското лудило ќе стартува денеска, во 22 часот, со премиерниот дуел, пресметката помеѓу репрезентациите на Бразил и Хрватска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.