Стартува изградбата на новиот Клинички центар

Изградбата на новиот Клинички центар стартува денеска. На почетокот на градежните активности најавено е присуството на министерот за здравство, Никола Тодоров.

Идејното решение за изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, кој го изработи проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија е веќе готово. По ова следи фазата за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за 160 дена, односно до крајот на годинава, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1.300.000 евра. Изградбата на новиот Клинички центар кој ќе почне да се гради на почетокот на наредната година се очекува да заврши за три години.

Изградбата на новиот објект се очекува да започне на почетокот на наредната година, односно веднаш по завршување на проектите, добивањето на потребните дозволи и завршување на предквалификациите за фирми за градба.

Новиот клинички блок ќе биде оформен од два објекта, главен објект и лаборатории, ќе чини 70 милиони евра, а парите се обезбедени од Банката на Советот на Европа. Вкупната површина на новиот клинички блок ќе изнесува 61.500 метри квадратни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.