Стартува ТОП16 фазата во Евролигата

Со вечерашните пет натпревари стартува ТОП 16 фазата од Евролигата. Вкупно 16 екипи поделени во две групи по осум екипи ќе се борат за првите четири места на табелата кои ќе им овозможат пласман во четвртфиналето.

Од Е групата вечерва играат: Уникаха – Лаборал, Панатинаикос – Армани Милано и Барселона – Анадолу Ефес, додека од групата Ф на програмата се дуелите: Партизан – Реал Мадрид и Галатасарај – Макаби.

Утре се играат три натпревари од воведното коло од ТОП 16 фазата: Олимпијакос – Фенербахче Улкер (Е група), Локомотив Кубан – ЦСКА Москва и Жалгирис – Баерн Минхен (Ф група).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.