Стартуваше мисијата на ЕУ во Донбас

Мисијата за проценка на ЕУ која има задача да ја анализира актуелната состојба во источноукраинскиот регион Донбас, од денеска официјално почна со работа, соопшти прес-службата на претседателот на Украина, Петро Порошенко, пренесе МИА.

Како што јави Укринформ, во соопштението се посочува дека Порошенко и претседатлот на Европскиот совет, Доналд Туск на нивната средба во германскиот град Ахен, позитивно го оцениле стартот на Мисијата.

На средбата Порошенко и Туск разговарале за координиорање на активностите за деескалација на кризата во источна Украина, се додава во соопштението.

Одлуката за формирање на Мисија за проценка на Унијата во Донбас беше донесена на Самитот ЕУ-Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.