Статусите на социјалните мрежи одведоа илјадници лица од оваа земја зад решетки

Турското Министерство за внатрешни работи објави детален извештај за своите активности во изминатата година.

Меѓу другото, наведено e дека 42 406 профили на социјалните мрежи биле проверувани и дека „се преземени правни дејства против 18.376 лица”.

Беше истакнато дека ова се профили на лица кои ги поддржуваат терористички организации, поттикнуваат терор и шират омраза кон турските државни службеници.

Сулејман Сојлу, министерот за внатрешни работи на Турција, за време на презентацијата на извештајот, исто така, рече дека „експертски тимови” биле користени за истражување на интернет пространството, кои работеле нон-стоп.

– Во текот на 2018 година, истраживме 110.000 профили на социјалните мрежи. Корисниците на 45.000 од нив беа идентификувани, а 7.000 беа уапсени и предадени на судот – истакна тој.

2.793 лица биле уапсени во Истанбул. Од нив, 750 се обвинети за ширење пропаганда за терористички организации, 236 за „навреда на наследството на Ататурк или навреда на турски државник”, а 507 од нив за поддршка на Фетулах Ѓулен.