Ставање на ДУП-от за црквата не е правна туку политичка одлука на екс градоначалникот Жерновски

Во кривичниот суд денеска се одржа главна јавна расправа за предметот „Општина Центар“, на која беше испрашуван еден сведок на СЈО.

Бисера Јакимовска, која во 2013 била раководител на Секторот за урбанизам, но без право на потпис, сведочеше за настаните во Општината Центар. Сведокот потврди дека ставање вон сила на одлуки на ДУП било политичка одлука на екс градоначалникот Андреј Жерновски, а не правна. Терминот „ставање вон сила“ збунува, а терминот „во рана фаза на изграденост“ не постои и ставен е во предлог- одлуката од незнаење.

Рана фаза не постои, тоа е политичка одлука, можеби и јас сум била против таа одлука, но сепак градоначалникот одлучува, рече Јакимовска.

Сведокот не препозна никој во судницата и потврди дека обвинетиот Александар Трајковски не го видела на настанот пред Општината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.