Ставил гласачко ливче во џеб

Стружанец си го ставил гласачкото ливче за референдумот во џеб, а сакал да уфрли други две во кутијата, инфомираше МВР.

Станува збор за А.М.(32) од село Мислешево, против кого е поднесена кривична пријава за уништување на изборен матерјал.

Според полицијата, завчера во Мислешево, на избирачкото место број 1863/1, А.М. го ставил гласачкото ливче во џеб, а потоа се обидел да стави две други ливчиња во гласачка кутија, но не успеал.