Ставрески детално одговори на сите обвинувања за наводен криминал

187

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција рече дека поради незагрозување на правната постапка нема да ги коментира креираните материјали што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но затоа детално одговори на сите обвинувања за наводен криминал за којшто Заев обвинува.

– Поради карактерот и прорадата на снимките коишто се стекнати и креирани и со коишто се располага на начин којшто е незаконски во оваа фаза јас неможам да коментирам за нешто што ќе биде предмет на правна разрешница, рече тој.

Ставрески посочи дека имало различни правни мислења околу начинот како треба да се пристапи кон реализиацијата на проектот за изградба на автопатите коишто и се финансираат од кинеската Ексим бнака, од причина што за првпат во РМ се земале средства од оваа банка.

– Се работеше за позначителен износ на средства со коишто се финансираат значајни автопати во РМ и се консултираа сите правни експерти коишто постојат и во генараланиот секретаријат на Владата и во секретаријатаот за законодавство при Министерството за финансии. Како резулатат на нивните укажувања се прифати мислењето дека најдобар начин за да се реализира тој проект е да се донесе посебен закон којшто го носи Собранието на РМ во најтранспарентна постапка со учество на народните избраници, коишто ги дискутираа и во текстот на Законот беа сите аспекти на проектот, од тоа како ќе се реализира со каква комбинација на македонски работници со учество на кинески, колку средства ќе бидат на располагање, со која динамика ќе се трошат, како ќе се градат патиштата и сето тоа се дискутираше во Собранието и го изгласаа законот и тоа се заврши преку една транспарентна постапка, појасни Ставрески.

За постапката во врска со Општина Битола, рече тој, имало различни информации и врз база на истите била испратена финансиска иснпекција, која констатирала одредени пропусти коишто пред се биле од системска природа и дека за сите пропсути биле направени наоди.: Немаше намалување на социјалната помош, ние дополнително ќе ја зголемиме.

Вицепремиерот нагласи дека над 600 милиони евра биле издвоени за земјоделците, за субвенции и тоа беше направено во тешки години, во години во кои имало бројни предизвици и во други земји се намалуваа плати, се намалуваа пензии, се намалувала социјалната помош, се откажувале инфраструктурни проекти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.