Ставрески: Најдовме пари за изградба на три автопати во услови на криза

Во услови на криза најдовме пари за три автопати и бројни други локални патишта, рече вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии, Зоран Ставрески на вчерашната прес-конференција.

-Треба да се знае дека паралално со реализацијата на овие економски политики, ние наоѓавме пари за многу други проекти. Такви проекти имаме во културата, во спортот, во образованието, во здравството, се градеа водоводи и каналзиации, се градеа локални и регионални патишта, започнаа да се градат три автопати, рече Ставрески.

Ставрески нагласи дека над 600 милиони евра се издвоени за земјоделците, за субвенции и тоа било направено во тешки години, во години во кои имаше бројни предизвици и во други земји се намалуваа плати, се намалуваа пензии, се намалуваше социјалната помош, се откажуваа инфраструктурни проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.