Ставрески: Најниската пензија е зголемена за 76 отсто

48

Слично како пензиите се зголемува и социјалната помош за најранливите категории, рече министерот Ставрески на вчерашната пресконференција.

-Пензиите во континуитет се зголемуваат, за 62 проценти е зголемена просечната пензија, а за 76 проценти најниската пензија и такво дополнително зголемување за пензионерите ќе имаме и оваа година во септември. Слично се зголемуваше и социјалната помош за најранливите категории, за околу 50 отсто е повисока од пред околу 7-8 години и такво зголемување е предвидено и во јуни оваа година, изјави Ставрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.