Ставрески: Со намалувањето на ДДВ ќе се зголеми конкурентноста на македонското сточарство

Последните мерки на Владата, со кои се предвидува намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто  за сточна храна, адитивите за сточна храна и живиот добиток, значително ќе го поттикнат развојот на земјоделството и конкурентноста на сточарското производтво, посочи министерот за финансии, Зоран Ставрески на средбата со претставници на земјоделците и на индустријата.

„Придобивките се повеќекратни. Со намалување на стапката на ДДВ ќе дојде до намалување на цената на чинење за производство на месо и млечни производи, што значитено ќе ја зголеми конкурентноста на македонкото сточарско производство и на  тој начин ќе станеме поконкурентни во европски размери. Второ,  ќе се овозможи да бидат и поконкурентни фирмите кои се занимаваат  со откуп и преработка на сточна храна и трето, ќе се намали сивата економија. Сега во голем дел очекуваме да се намали исплатата во готовина и да се плаќаат обврките кон државата“, поочи Ставрески.

Тој воедно потсети на дел од мерките кои во континуитет се преземаат за подобрување на конкурентноста и ефикасноста на земјоделското производство, како: намалување на ДДВ-то за земјоделската механизациа и опрема , 50 – 50 отсто за купување на земјоделска механизација, како обезбедување на кредити за земоделци со камата од 3 проценти.

Намалувањето на ДДВ-то е долгогоишно барање на земјоделците, кое резултраше со позитивен исход. Според министерот за земјоделие, Љупчо Димовски, оваа мерка уште поеќе ќе го зголеми производстството на сточната храна, што во моментот е увозно зависна, но за краток период  сите земјоделско обработливи површии ќе се користат за производство на сточна храна.

„ Дополнително ќе се мотивира секторот во кој се преработуваат земјоделските производи за сточна храна. И дополнитено ќе има ефект во одгледувањето на стока и производство на месо и млечни производи кои ќе бидат повеќе пристапни до македонските производтели“, истакна Димовски.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, смета дека со оваа мерка земјоделскиот производ ќе биде за 13 отсто поевтин, а големо олеснување ќе имаат и повратниците на ДДВ-то.

„Повеќе од 6о отсто од нашите производители се мали и не се повратници на ДДВ, затоа имаме поглема производна цена. Сега се надевам дека целот наш призвод ќе биде 13 отсто поевтин и ќе ја зголемиме конкурентноста и производството“, истакна Шаклев.