Ставрески со аргументи против обвинувањата од Ивановски

Резултатите и бројките покажуваат кој е подобар, ќе се обидам во бројќи да ви докажам дека ВМРО-ДПМНЕ во овие седум години е многукратно подобар во однос на резултатите на СДСМ и многукратно подобар од сите земји во регионот како Влада што Mакедонија ги оствари во овој период, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески на денешната расправа за Предлог буџетот за 2014 година одговарајќи на обвинувањата од пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски.

„Првиот податок за кој вие би сакал да се изјасните како според вашите објаснувања дека се е лошо во Македонија, и дека лошо сме работеле вкупно во овие седум години Македонија оствари просечен раст од 2,8 отсто којшто е петти најдобар во Европа. Само четири земји, Турција, Полска , Словачка и Црна Гора имаат повисок просечен економски раст во овие години, а 30 други земји се зад нас господине Ивановски“, рече Ставрески.

Ставрески рече дека во услови на криза ЕУ во истиот период оствари просек од 0,8 отсто, Македонија има 2,8 отсто, значи, како што рече Ставрески сме работеле подобро отколку земјите во регионот и другите земји и на тој начин сме направиле максимум во тие околности во кои што се работело.

„Зошто упорно одбегнувате да ја прифатите вистината дека Џонсон Контрол отвори 325 работни места, тоа се 325 семејства зошто вие не помогнавте да се отвори таква фабрика. Во Штип Џонсон контрол 768 семејстаа се хранат од платата што ја добиваат. Зошто вие не отворивте една ваква фабрика па ќе имше две уште толку семејстава ќе имаа добра егзистенција. Во Скопје Џонсон Мети 448 фамилиии се хранат од новите работни места, Кемет електроник 177 семејства, Протек 50, Технохозе 32, Ван Холд 250, Кромберт и Шуберт 800 вработувања има сега а ќе има 3000 вработувања до крајот на реализацијата на инвестицијата. Ако и СДСМ работеше така лошо или добро и отворете уште една фабрика во Битола, или во Кавадарци да отворевте, еве 1050 вработувања има во Дрекслмаер“, рече Ставрески.

Тој го запраша Ивановски зошто и тие не отвориле една фабрика, па така „ќе работевме заедно и немаше да се обвинуваме дека граѓаните немаат перспектива “.

„Ние во овој мандат во услови на криза успеавме да се отворат 4028 работни места и ќе се отворат уште 7000 до крајот на овие инвестиции“, заклучи Ставрески.

Државната каса за следната година  ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.