Ставрески: Странските инвестиции доведоа до рекордно ниво на извоз

Зголемувањето на странските инвестиции и приливот на странските инвестиции, од повеќето позитивни ефекти што ги има, освен вработувањата, многу позитивно се одрази и врз извозот, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески на денешниот состанок на тимот за странски инвестиции со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски.

Странски инвестиции во периодот од 2007-ма до 2015-та година кумулативно имаме 2 милијарди и 266 милиони евра.  Тоа е за 1,5 милијарда претходно во 10 годишен период што имаше во Македонија влезено, а тоа е значителна бројка. Тоа се одразува врз извозот. Минатата година достигнато е рекордно ниво на извоз од 1 милијарда и  472 милиони евра. Тоа значи дека 36 отсто од македонскиот извоз денес го произведуваат овие фабрики на странските инвестиции. Тоа е за 26 отсто повеќе од 2014-та година. Од година во година има значителен раст на извозот отприлика имаме двоцифрени стапки на раст. Во 2010-та година беше 8,8 растот на извозот во однос на претходната. Потоа имаше 16 отсто раст во 2011-та. 17,4 во 2012-та. Во 2013-та година раст од 23,9 итн.  Некои години и по 40, 50 отсто растеше извозот. Се на се, ова е еден добар тренд во однос на тоа дека овие фабрики да не беа, македонскиот извоз ќе беше за 36 отсто понизок од што е денес. Минатава година за прв пат надминавме 4 милијарди евра  од кои 1,5 милијарди е од зоните. Со оглед на тоа дека голем дел од овие фабрики допрва  ќе го достигнат полниот потенцијал, можеме да очекуваме дополнителен раст на извозот и да расте вкупното производство, рече Ставрески.

Ако се погледне и структурата на извозот, рече Ставрески, постигната е онаа промена за која што генерации на македонски Влади само зборувале дека треба да се случи.

Извозот на машини и транспортни уреди во 2010-та година изнесуваше околу 180 милиони евра, во 2011-та 250 милиони евра. Денес изнесува 1 милијарда. Тоа е за пет пати повисок од 2010-та и тоа е директно резултат на производството на овие фабрики што се во слободните зони.  Извозот на хемиски производи, каде Џонсон Мети има големо влијание, во 2010-та околу 300 милиони годишно се извезувале од Македонија кога се уште немаше производство во слободните зони, денеска 923 милиони евра. Тоа значи комплетна промена на структурата на извозот, потенцира Ставрески.

Ова помага многу и за трговскиот дефицит кој од година во година се намалува. Со приливите од странските инвестиции се покрива дефицитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.