
Не претставува никаква пречка личност која била дел од нечиј кабинет или пак е сведок во некој случај, да биде распоредена на раководна должност, изјави за НетПрес дополнителниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, откако претходно во петокот заменик министерката поставена од владејачката СДСМ, Славјанка Петровска, не ја потпиша одлуката за назначување на Ристо Ставревски за прв човек на Секторот за внатрешни работи во Скопје.
„Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми. Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетуваме дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски. Што се однесува до сведочење во Суд, сведок може да биде секој граѓанин кој Судот ќе го прифати за сведок било на одбраната или на застапникот на обвинението, во случајот СЈО“, изјави за НетПрес, Наќе Чулев.
Предлогот за именувањето на Ставревски го даде техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува Чулев да предложи и други назначувања, за исполнување на нормата од 15 измени на лидерските позиции во МВР.