Стејт департмент: Новинарот на WSJ неправедно приведен во Русија

Стејт департментот денеска оцени дека е утврдено оти Русија „неправедно го привела“ новинарот на The Wall Street Journal, Американецот Еван Гершкович, тврдејќи дека обвинувањата за шпионажа се лажни и дека се работи за „политички случа“ј.

„Секретарот Ентони Бленкен денеска утврди дека Гершкович е незаконски приведен од Русија“, се наведува во соопштението.

„Новинарството не е злосторство. Го осудуваме Кремљ за неговата континуирана репресија врз независните, слободоумни луѓе и руската војна против вистината, рече еден од портпаролите на Стејт департментот, Ведант Пател.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 30-ти март објави дека Гершкович е уапсен под обвинение за собирање доверливи информации за руска воена-индустриска компанија. Без наведување поединости ФСБ извести само дека дописникот на WSJ бил приведен во моментот кога требало да дојде до доверливи податоци за воено-индустрискиот комплекс во градот Екатеринбург, во подножјето на Урал.

Притоа руското министерство за надворешни работи, каде се регистрираат странските дописници во Русија, посочи дека Гершкович за патувањето во Екатеринбург, на 1.800 километри источно од Москва, не се придржувал до процедурата и не известил за своето патување, откако се појавија информации дека наводно за патувањето го известил министерството за надворешни работи, откако му било наводно одобрено за одбрана.

Весникот негираше дека Гершкович се занимавал со шпионажа, а Белата куќа ги нарече „смешни“ обвинувањата за шпионажа, кои во Русија се казнуваат со затвор до 20 години.

Инаку, Блинкен и претходно го осуди притворањето на Гершкович под обвинение за шпионажа.

„Според мене, нема сомнеж дека тој е неправедно приведен од Русија“, изјави претходно Блинкен. Но, Стејт департментот сепак го спроведе процесот за утврдување на фактите и денеска соопшти дека немало основа за негово приведување.

Гершкович, според официјалната биографија, е роден во семејство на советски емигранти, а растел во американската сојузна држава Њу Џерси. Во Москва се доселил во 2017 година за да работи за странски финансираниот медиуми Moscow Times, а потоа работел и за француската новинска агенција AFP.

По почнувањето на руската „специјална воена операција“ во Украина, на крајот од февруари 2022 година, Гершкович бил во Лондон и требало да се врати во Русија за да се придружи на дописништвото на The Wall Street Journal. Било решено да живее во Лондон и често да патува во Русија како новинар акредитиран при министерството за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.