Стеауа ја мина Бачка Топола во еден од најлудите натпревари

Фудбалерите на поранешниот европски шампион романска Стеауа, сегашна ФЦСБ изборија пласман во четвртокот ноќта во третото претколо од Лига Европа во еден од најлудите натпревари одигран во историјата на ова натпреварување.

Овој натпревар беше првиот во историјата од еврокуповите, со исклучок на некогашниот Интертото куп, во кој двете екипи постинуваа најмалку по пет погодоци.

Романската екипа која сега е преименувана во ФЦСБ на гостувањето во Сента го победи тимот на ТСЦ од Бачка Топола со 5:4 по подоброто изведување на пеналите, откако натпреварот по 120 минута заврши со резултат од дури 6:6, од кои два погодока паднаа во судискооото продолжение на мечот.

Романците дојдоа во Сента без девет првотимци кои испаднаа од составот поради коронавирусот кој влезе во клубот. Стеауа имаше амо три резервни играчи, од кои двајца од средниот ред и еден напаѓач. Сепак, фаворитот успеа на гракот да оствари победа во неверојатниот меч полн со пресврти и погодоци.

Домашните водеа со 2:0, Стеауа намали на 2:1, а потоа со играч повеќе успеа да израмни на 2:2. Бачка Паланка дојде до ново водство од 3:2, но гостите повторно израмнија, и во третата минута од судиското продолжение на мечот дојдоа до првото водство од 4:3. Кога се мислеше дека гостите од Романија ќе успеат да победат, Бачка Топола уѓте еднаш изрмани преку Саша Томановиќ.

На почетокот на продолженијата домашните останаа без уште еден играч , што Стеауа го искористи да дојде до ново водство од 5:4 во 105 минута. Но и тоа не траеше долго откако домашните израмнија во продолжението. Во третата минута од второто продолжение Стеауа повторно имаше водство од 6:5, но на три минути пред крајот на мечот Томановиќ повторни израмни за домашните кои подолг период веќе играа со два играча помалку.

Во пенал серијата за Стеауа прециззни меа Морукан, Перијану, Панциру, Петреа и Ман, додека за домашните погодија Томановиќ. Зец, Антониќ и Ѓуриќ, а промаши Бањац.

За ТСЦ головите ги постигнаа Миличевиќ во 11, Дуроњиќ во 13, Антониќ во 51, Томановиќ во 90+4 и 117 минута и Тумбашевиќ во 105+1 минута. За Стеауа стрелци беа Коман во 25, Ман во 50, во 63 од пенал и во 105, Балаж постигне автогол впо 90+3 и Петре во 108 минута. Домашните од 44 минута играа без исклучениот Пољњевиќ, а во 103 минута „поцрвене“ и Силаѓи.

ФЦСБ (Стеауа) во третото претколо ќе игра против Слован од Либерец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.