Штедачите повлекоа за една седмица 365 милиони евра од латвиските банки

Во текот на изминатата седмица штедачите од латвиските банки повлекле депозити во вкупен износ од 365 милиони евра, покажуваат податоците на Комисијата за финансиски и пазарите на капитал (FKTK).

„Во моментов, во латвиските банки се чуваат депозити во износ од 18,37 милијарди евра, што преставува најниското ниво во последните пет години. Во текот на изминатата седмица штедачите повлекоа 365 милиони евра“, се истакнува во соопштението на FKTK.

Комисијата претходно месецов прогнозираше делка по воведувањето на забраната за банките да работата со нерезиденти од латвиските банки ќе бидат повлечени милијарда евра.

Вкупно, од 13-ти февруари, коа САД предложија мерки против „ABLV Bank“ поради кршење на меѓународни санкции, обемот на депозити во Латвија се намали за 2,15 милијарди евра, или за 10,5 отсто. Споменатата банка прогласи ликвидирање.

Интенцијата на FTFK е да се осигури дека учеството на нерезидентните депозити во латвиските банки ќе се намали од сегашните 35 на само 5 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.