Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс го преплаши замислениот ас на Далас Маверикс во текот на поздравувањата пред натпреварот, а камерите тоа убаво го фатија.
Стеф Кари на највообичаениот начин сакаше да се поздрави со својот Ол-Стар соиграч, но Лука Дончиќ во тој момент беше замислен и со погледот летнат во облаци. Кари буквално го извади од памет кога го потсети дека е време за поздрав.
Изразот на преплашениот Словенец беше непроценлив, а потоа сам се насмеа на случката. Камерите тоа го фатија, па сега видеото е вирално.
Инаку, Кари и Дончиќ настапија во тимот на Леброн Џејмс кој со убедливи 170:150 славеше над избраниците на Кевин Дурант во Ол-Стар натпреварот одигран ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Кари беше еден од најдобрите на паркетот со 28 поени, додека Дончиќ имаше скромен настап со 8 поени и исто толку асистенции.