Стеф Кари погоди со звукот на сирената, Никола Јокиќ со нов трипл-дабл учинок (ВИДЕО)

Стеф Кари му донесе победа на Голден Стејт над Хјустон од 105-103. Тој ја презеде одговорноста, и со звукот на сирената погоди за голема радост во редовите на Вориорс.

Кари со 22 поени, 4 скока и 12 асистенции беше прв стрелец, Пул имаше 20 поени, додека Вигинс 17. На другата страна Вуд имаше 19 поени и 15 скока.

Голден Стејт се наоѓа зад Феникс на второто место на табелата во Западот со скор од 33 победи и 13 порази.

Мемфис го совлада Денвер на гостински терен со 118-122 во ново одлично издание на Никола Јокиќ. Српскиот центар испиа испиша историја, стана првиот кошаркар на Нагетси кои успеал да запише четири трипл-дабли во низа. Тој на вечната листа се наоѓа на седмото место зад Чембрлен со 68 вакви учиноци.

Ова беше 21 пораз за Денвер, со 23 победи е шестти во Западот, додека Мемфис е на третото место.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Оклахома 121-98, Орландо – ЛА Лејкерс 10-5-106, Филаделфија – ЛА Клиперс 101-102, Атланта – Мајами 110-108, Бостон – Портланд 106-109, Милвоки – Чикаго 94-90, Вашингтон – Торонто 105-109, Сан Антонио – Бруклин 102-117, Денвер – Мемфис 118-122, Јута – Детроит 111-101, Голден Стејт – Хјустон 105-103.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.