Стефан Богоев ќе го наследи Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ

Стефан Богоев, сега веќе поранешен градоначалник на скопската општина Карпош, ќе го наследи Љупчо Николовски на позицијата генерален секретар на СДСМ, неофицијално дознава порталот Плусинфо.

Николовски за ТВ24 потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на претседателот Зоран Заев, тој ќе замине од функцијата во партијата.

„Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот и да не се вратиме во времето на страв и на реваншизам, против кое се боревме“, изјави претходно во петокот Николовски.