Стефан Богоев од СДСМ застана во одбрана на Јакимовски: Го разбирам целосно

За мене некое преголемо изненадување вчерашната одлука не беше, затоа што Јакимовски имаше едно интервју минатата недела за некој веб портал. После кое што следеше и настап на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бидејќи бев таму градоначалник нели нормално, поинтересно ми е да ги следам случувањата во таа Општина отколку во било која друга, на крајот од краиштата и таму живеам. И тука се виде веќе дека нешто не чини. По информациите од советниците на СДСМ кои што се во Советот тоа да кажам некое време дури и на седниците на Совет се гледало и тлеело, истакна Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“, коментирајќи го заминувањето на Стевче Јакимовски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Богоев додаде дека претпоставува дека добар дел од тоа што го кажа Јакимовски се причините за да си замине од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја слушнав и изјавата на Мицкоски, таму не видов конкретен одговор, таму беше одговорот нели дека тој бил вчудоневиден од изјавата на Јакимовски и дека доколку имало некакви индиции да се пријавеле во надлежните органи, полиција, обвинители и сл. меѓутоа некоја материјална расправа или дискусија од страна на Мицкоски немаше, рече Богоев.

Богоев при своето гостување застана во одбрана на Јакимовски при што посочи дека го разбирал.

Општината е во многу деликатна состојба, и јас тука го разбирам целосно во делот да речеме штедењето на електричната енергија. Мислам дека беше малце грешен потег на почетокот на штедењето со гасење на уличното светло. А, овој начин со секоја втора светилка ги дава истите резултати 50% заштеда,а сепак во текот на целата вечер имате некакво осветлување односно логиката кажува дека 50% имате осветлување, појасни Богоев оправдувајќи ги мерките на Јакимовски.