Стефан Ристовски неизвесен за дуелите со Грузија и Бугарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е под знак прашалник за настап на последните два натпревари од Лигата на нациите против Грузија и против Бугарија на септемврискиот репрезентативен собир.

Ристовски, како што информираат хрватските медиуми, поради повреда која ја влече подолг период денеска воопшто не беше во комбинација за натпреварот на Динамо Загреб против Локомотива.

Поради сето тоа е неизвесен и за репрезентативниот собир кој стартува од утре од 12 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Ова е дополнителен проблем за селекторот Благоја Милевски, ако се знае дека претходно поради повреди отпаднаа и Дарко Чурлинов и Валон Етеми, а од поодамна на пауза поради повреди се и Тихомир Костадинов и Ердон Даци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.