Стефанова: Не е вистина тоа што е објавено!

Лиле Стефанова, обвинителка од Специјалното јавно обвинителство тврди дека ништо не е вистина во снимката која ја објави италијанскиот весник „Ла верита“.

Лично ја слушав денешната објава на снимката за предметот кој и мене директно ме тангира. Апсолутно нема никаква вистина, вели за „Слободен печат“ Стефанова.

Токму името на обвинителката Стефанова се споменува во новата снимка која утринава како што од вчера најави новинарот Ларис Гајсер, ја објави во италијанскиот весник „Ла Верита“, а се однесува за снимени материјали за случајот „Рекет“.