Стефановски без пласман на втората трка во Монца

57

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски остана без пласман на втората трка од првенството на ТЦР Италија, откако денеска излета од патеката во Монца и предвреме ја заврши трката.

Инцидентот се случи на шест минути пред крајот на трката и завршниот круг, во моменти кога Стефановски беше седмопласиран на патеката и натпреварувачот зад него Душан Курил имаше близок контакт со возилото на македонскиот автомобилист. По контактот, Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман.

Стефановски вчера на премиерната трка беше четвртопласиран, а втора победа сезонава денеска оствари актуелниот шампион Салваторе Тавани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.