Стефковски денес реализираше отворен ден за граѓаните

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со општинската администрација, денес од 12 до 19 часот во просториите на Општина Гази Баба реализираше отворен ден за граѓаните.

Градоначалникот Стефковски за отворениот ден информираше на својата официјална фејзбук страна на која напиша:

“Пред малку завршивме со првиот отворен ден за граѓаните во општина Гази Баба. Заедно со општинската администрација, остваривме средба со 147 граѓани на општина Гази Баба кои ги истакнаа своите проблеми, идеи и предлози.

Ова е првиот чекор кон создавање на отворена општина, вистински сервис на граѓаните. Следните средби со граѓаните ќе бидат директно на терен во Месните и Урбаните заедници. Гази Баба ќе биде општина во која последниот збор ќе го има граѓанинот.” – напиша Стефковски.