Стефковски: Гази Баба уште еднаш докажа колку е хумана, повеќе од 2.000 луѓе денес беа присутни на „Пивтијада 2023“

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук го честита денешниот празник на сите верници во земјава.

-Бог се јави, народе мој‼️

За многу години Богојавление – Водици‼️

Моја хумана Гази Баба од ♥️ Ви благодарам‼️

✌️Повеќе од 2000 луѓе на плоштадот во Автокоманда присуствуваа на културната манифестација “Пивтијада 2023”

Денешниот ден ме прави посебно среќен, бидејќи имав можност да сретнам многу луѓе кои се мојата силна поддршка во создавањето на една нова успешна приказна за нашата Гази Баба.

Хуманата мисија ја исполнивме, сите подготвени пивтии беа продадени, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели.

Им благодарам на Здружението на пензионери на Гази Баба и Здружението на жени за партнерскиот однос во организацијата на овој преубав настан.

Им благодарам на естрадните уметници Влатко Миладиновски, Бојана Слендеровски и Миле Кузмановски, како и групата Аманет за учеството во културниот дел од манифестацијата.

Нашите граѓани Надежда Кирковска, Елена Велковска и семејството Стојменовиќ ги наградивме за нивното креативно учество во украсувањето на пивтиите.

Оваа традицијата ќе ја продолжиме и во следните години, стои во неговиот пост на Фејсбук.