12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Стефковски ги повика граѓаните: Да оддадеме почит на Ченто

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку објава на својата официјална фејсбук страна ги повика граѓаните на општина Гази Баба на одбележување на 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто.

Во објавата на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Почитувани граѓани,
Утре 17.08.2022 година (среда) навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто, претседател на президиумот на АСНОМ и прв претседател на Македонија.
Запишано е дека “Држава која нема својата историја, има народ без иднина”, а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме.
За таа цел Ве поканувам утре 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него.
На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто. – напиша Стефковски.