9.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Стефковски ги зголемува линеарно платите на вработените во Гази Баба

Денес 20.07.2022 година, градоначалникот на Oпштина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници на Синдикалната организација на Oпштина Гази Баба потпишаа измени на Колективниот договор со кои се врши линеарно зголемување на платите на вработените во општинската администрација за 2800 денари.

За потпишувањето градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

– Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари. Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација за 2800 денари. Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите. Покрај ова верувам дека со оваа мерка дополнително ќе се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите, напиша Стефковски.