1.8 C
Skopje
петок, декември 13, 2024

Стефковски го посети семејството од Сингелиќ кое загуби два члена во автобуската несреќа во Бугарија

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес направи посета на семејството Османи од населеното место Сингелиќ.

Семејството Османи има загубено две жртви во несреќата.

Градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук напиша:

“Попладнево го посетив домот на семејството Османи од Сингелиќ кое во трагичната несреќа во Република Бугарија загуби свои двајца членови. Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек сакав лично да го посетам семејството и да изразам сочувство за трагедијата.

Не постојат зборови за утеха кои можат да го утешат господинот Идавер Османи кој во оваа несреќа ја загуби својата сопруга и својата 23 годишна ќерка. Во разговор со него, му дадов збор дека Општина Гази Баба е отворена и подготвена да помогне на семејството Османи во иднина”.