9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Стефковски на терен по невремето во Гази Баба

радоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски попладнево е на терен заедно со екипите на ЈКП Гази Баба и екипите на јавните претпријатија на Град Скопје каде што се санираат последиците од невремето.

За активностите на терен градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Попладнево сум на терен заедно со екипите на ЈКП Гази Баба и екипите на јавните претпријатија на Град Скопје каде што се санираат последиците настанати од големото невреме кое го зафати Скопје.

На неколку локации е собрана поголема количина на вода и настанат е прекин во сообраќајот.

Заглавено е едно возило под подвозникот кај Бриколаж и се работи интензивно на извлекување на возилото.

Граѓаните да бидат спокојни. Јас и целиот кризен штаб од општината остануваме на терен до целосно расчистување на последиците од невремето. – напиша Стефковски.