Стефковски: Нема веќе листа на чекање за прием во градинка, поднесена е апликација за изградба на нова градинка во Ќерамидница

28

Градоначалникот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски во интервју на Радио Лидер  потенцираше дека во урбаниот дел е започнато детално чистење на општината, но и дека е поднесена апликација за изградба на нова детска градинка во Ќерамидница.

Стефковски посочи дека со изградба на четирите детски градинки кои што ги ветил во изборниот период ќе се реши проблемот со кои се соочуваат голем број на жители, а како што нагласи веќе нема да има листа на чекање на дечињата во детските градинки.

-Во урбаниот дел започнавме со детално чистење на урбаните средини. Поднесов апликација за изградба на нова детска градинка во Ќерамидница. Во мојата програма имам ветување за изградба на четири детски градинки и тоа во Керамидница, Сингелиќ, Трубарево и Инџиково. Дадов налог за изработка на проекти за сите овие четири градинки и тоа е едно од клучните потреби со кои се соочуваат жителите на општина Гази Баба. Во моментот имаме 400 дечиња кои што чекаат на листа за упис во детските градинки и мораме ова прашање да го решиме, вели Стефковски.

За жал изминатиот период од оние информации кои што ги добивав лично до граѓаните голем број од млади брачни парови кои што имаат дечиња одлучуваат едниот родител да ја напушти работата за да може да се грижи за своето дете затоа што на листата за во градинка било на чекање подолго од 6 месеци или една година. Ова е жалосно и тоа ние клучен приоритет кој што треба да го реализираме во наредниот период, рече Стефковски.

Со овие четири градинки комплетно ќе ги задоволиме потребите на граѓаните и веќе листата на чекање нема да има, нагласи тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.