Стефковски: Нула трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово со објава на својата официјална страна на фејсбук ги информираше граѓаните за реализацијата на проектот: НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој потецираше дека овој проект се реализира за прв пат во општина Гази Баба и доаѓа како реализација на ветување дадено од градоначалникот Стефковски за време на изборната кампања.

Во објавата на фејсбук, Стефковски пишува:

НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства. Со почетокот на новата учебна година, започнува со реализација и проектот НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства. Сите општински основни училишта добија задолжение за реализација на овој проект согласно Правилник за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта. Уште еден проект од изборната програма е реализиран! напиша Стефковски