Стефковски: После 30 години жителите на улица 4 во Јурумлери повеќе нема да газат во кал

После 30 години жителите на улица 4 во Јурумлери повеќе нема да газат во кал. Акцијата за асфалтирање на локални улици продолжи денес со асфалтирање на улица 4 во Јурумлери, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, преку својата Фејсбук страница.

Тој напиша дека изминатите денови се асфалтираа локални улици во повеќе населени места и истото ќе продолжи и во следните денови.

– Новото време за нашата Гази Баба преставува концепт на работа со визија, програма и план кои значат реализација на проекти во сите населени места, додава Стефковски во својата објава.