Стефковски: Пуштено во употреба игралиштето во Керамидница

Денес заедно со жителите од Керамидница и членовите на Советот на општина Гази Баба го пуштивме во употреба спортското игралиште кое го изградивме со најсовремена тартан подлога, истакна градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„На игралиштето се поставени нови табли за кошеви и обрачи, како и две стативи за мал фудбал.

Жителите на Керамидница добија нов терен за спортување и рекреација.

Секое вложување во спортот повеќекратно се враќа. На овој начин ние не само што вложуваме во спортот, вложуваме и во здравјето и образованието на нашите деца.

Верувам дека овој спортски терен ќе им помогне на многу идни спортисти да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт“ – истакна тој.