Стефковски се приклучи на хуманитарната акција „Заедно против гладот“

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски,се приклучи на хуманитарната акција „Заедно против гладот” која ја организира хуманитарната организација Свети Спас.

За акцијата, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„СЕ ПРИКЛУЧИВ НА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ГЛАДОТ.
Утрово по повод 16 Октомври, светскиот ден на гладот се приклучив на хуманитарната акција “Заедно против гладот” која ја организира хуманитарната организација Свети Спас.
Среќен сум што со мојата донација давам придонес во хуманитарната акција со која ќе бидат собрани намирници на храна и средства за хигиена кои ќе се поделат на семејства во социјален ризик.
Последните години сите ние сме сведоци на постојаниот раст на инфлацијата која несомнено го јаде трудот на работникот, а истовремено е и причина за создавање на нови семејства кои не можат да се прехранат.
Посакувам од година во година бројот на гладни насекаде во светот да се намалува се со цел еден ден да можеме сите заедно да кажеме дека повеќе нема гладни луѓе во светот – напиша Стефковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.